ФА покрена истрага против Шкодран Мустафи (Видео)

Англискиот фудбалски сојуз (ФА) покрена истрага поради радувањето на Шкодран Мустафи на натпреварот против Кардиф.

Германскиот репрезентативец кој има потекло од Гостивар при постигнувањето на погодокот гестикулираше со рацете и предизвика реакција  од многу фудбалски фанови сметајќи го како провокација.

Медиумите во Англија пишуваат дека Мустафи со оваа прослава покажал политички симболи, нешто што е забрането во Англија и токму затоа ќе биде покрената постапка против него.