Фабрегас се враќа во татковината, но не во Барселона!?

Цеск Фабрегас не игра доволно во Челси под водство на Маурицио Сари сезонава, па би можел да си замине.

Неговиот договор со „сините“ завршува на крајот на сезоната, а иако кажа дека сака да остане, сепак јасно е дека во јануари ќе може да преговара и со други клубови.

Шпански „Спорт“ пишува дека за искусниот Шпанец е заинтересиран Атлетико Мадрид.

Тие во јануари ќе се обидат да го ангажираат и да внесат дополнителен квалитет во средниот ред.

Сепак, епилог од целата ситуација може да се очекува во јануари, а сега ќе има само шпекулации.