Фантастичната Штухец најбрза во Кортини, Гут без пласман

Словенската скијачка, Илка Штухец ја оствари петата победа во оваа сезона со триумфот во супервелеслалом во Кортини Д’Ампецо.

Словенката победи со време од 1:19.81, а зад себе ги остави Софија Гоџа од Италија и Ана Вејт од Италија.

Лидерката во светскиот куп, американката Микаела Шифрин денес заврши на четвртата позиција, но и во генералниот пласман и понатаму е прва со 1103 бода.

Актуелната шампионка во светскот куп, Лара Гут ја изгуби контролата во текот на трката. Швајцарката падна, но немаше посериозни повреди.