Фелипе со јубилеј во Вардар: Посакувам уште многу натпревари за „црвено црните“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот кој во неделната Вардар го одигра против Скопје беше јубилеен за бразилскиот интернационалец, Хуан Фелипе кој го одигра својот 100-ти официјален натпревар во дресот на вардарци.

Бразилецот до сега зад своето име 75 првенствени натпревари, 14 меча во европските натпреварувања, 10 во Купот на Македонија и еден во Супер Купот на Македонија.

За таа пригода Фелипе денес доби специјален дрес со бројот 100 кој го симболизира бројот на неговите настапи.

„Се чувствувам нормално. Не ги бројам натпреварите, меѓутоа ми е драго што стигнав до овој јубилеј 100 натпревари во дресот на Вардар. Посакувам барем уште минимум 100 натпревари во овој тим. Чест ми е што сум дел од клубот, а уште подраго ми е што овој јубилеј дојде во моментите кога тимот го направи најголемиот успех во историјата и игра во групната фаза од Лигата на Европа“- изјави Фелипе.

Еден од најдобрите играчи на Вардар го продолжи договорот со „црвено црните“ и се обврза на верност до 2020 година, што значи дека и во следните години ќе биде дел од вардаровото семејство.

„Уште од првиот ден одлично сум примен во екипата. Повеќе од две години сум тука од овој тим, доживеав одлични моменти, но во вечно сеќавање ќе ми остане натпреварот со Фенерахче во Истанбул, кога обезбедивме пласман во групната фаза од Лигата на Европа, момент кој не се опишува со зборови. Кога стигнавме во Скопје бевме дочекани како вистински херои. Тоа доволно кажува што значи овој тим тука во Македонија и дека луѓето знаат да се радуваат на успесите. Сето тоа е за нас и дополнителен мотив да се обидеме во иднина да го повториме тој успех, дури и да го направиме уште поголем “- заврши Фелипе.