Феноменална понуда за Пато! Пет пати поголема плата, се чека зелено светло од Виљареал


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Бразилецот не е во составот за тимот на Жолтата подморница што наведува дека до договор е блиску.

Алесандре Пато ќе биде следно големо име на светскиот фудбал кој ќе тргне на пат за Кина. Бразилскиот напаѓач од Виљареал е на чекор од преселба во редовите на новиот кинески прволигаш Тијанџин Кванжан.

Пато доби феноменална финансиска понуда од Тијанџин вредна 10 милиони евра по сезона и се одлучи да ја прифати.

Клучниот човек за трансферот е Жилмар Велоз, некогашниот бразилски голман, а денеска моќен менаџер а меѓу неговите клиенти се наоѓа и Пато.

Велоз  во Кина доведе бројни бразилски фудбалери и им обезбеди фантастични договори, па не треба посебно да се објаснува што Пато го реши да ја избере Кина. На Пример во Примера, Во Виљарал моментално заработува 2 милиони евра годишно.

Останува за трансферот уште да се согласи Виљареал кој во минатото лето го доведе Пато и потпиша договор со него до 2020 година. Жолтата подморница се надева на адекватна оштета, но тоа веројатно нема да биде проблем за пребогатиот кинески клуб.

Дека трансферот е блиску до реализазија зборуваат и зборовите на тренерот на Виљареал Естраде кој не го стави Пато на списокот на играчи за првенствениот меч против Гранада во овој викенд.

„Имаме важна понуда и не сакам да ризикувам со повреда која би го стопирала трансферот“, потврди Естрада.

Пато одигра 19 мечеви за Виљареал во оваа сезона и постигна шест гола. Ја оживеа кариерата која беше во надолна патека, но не оддолеа на богатата понуда од Далечниот исток.

Виљареал во пред неколку дена го доведе Адријан Лопез од Порто кој може да биде замена за Пато, а не треба да се заборави дека наскоро се враќаат  на терен после повреда Солдадо и Бакамбу.

Исто така, Жолтата подморница е заинтересирана за Џовани Симеоне од Џенова, но Италијанците бараат преголеми 18 милиони евра за Аргентинецот.

Тијанџин Кванажн е нов кинески прволигаш во кој Пато ќе го замени сонародникот Луис Фабијано на кој му истече договорот.

Кинескиот клуб во оваа зума нудеа огромни суми за Диего Коста, Радамел Фалкао, Едисон Кавани ,Никола Калиниќ, но не успееја да доведат ниту еден од споменатите. Пато е играч кој се чекаше…