Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мерцедес не се брза за тестирањата на своите болиди и полека се спрема за наредната сезона со цел да стигнат до нова титула.
Од друга страна Ферари беше најбрз во сите три сектори и извозија повеќе од 300 кругови на тестирањата во Барселона.
„Ферари е моментално многу, многу јак. Поминаа голема километража и се чини дека имаат подобар болид од минатата година. ОВа за нас е предизвик. Ферари секогаш изгледаше јак, посебно последните неколку години. На почетокот изгледаат јако, тоа е нормално“, изјави Хамилтон.
Рече дека тимот се држи до својот процеси на работа и дека сите работат неверојатно.
„Моментално не сум загрижен. Пробувам да се сконцентрирам на нашата работа, не знам што другите работат. Долго сум во оваа работа и знам како оди и што се случува во првите неколку недели Лудо е што сум со тимот шест години, но оваа година е со најмногу предизвици откако сме заедно. Тоа е супер возбудливо“, рече Хамилтон.