Ферстапен најбрз на третиот тренинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул имаше најдобро време на третиот тренинг на патеката Шакир во Бахреин.

Окон, Сајнц и Перез беа најактивните во првите 20 минути на третиот тренинг. Квјат половина час пред крајот го презеде водството, а Ботас беше првиот кој излезе на стазата со супер меки гуми, но во својот прв брз круг направи грешка.

Маса за тоа време го презеде водството, но не траеше долго бидејќи Ферстапен се најде на лидерската позиција.

Французинот Грожан излета од патеката и беше истакнато црвено знаме. Прекинот долго не траеше, а први на патеката излегоа возачите на Ферари.

Фетел направи грешка поради која се најде на третата позиција, а Раиконен на кратко го презеде првото место. Ботас стигна до првата позиција, а Фетел набрзина одговори со подобро време од финецот.

Во самиот финиш сите се обидуваа да ги подобрат времињата. Прво Ферстапен извози одлично и остана на првата позиција до крајот. Хамилтон заврши втор, а Фетел трет.

1. Марк Ферстапен – Ред Бул
2. Луис Хамилтон – Мерцедес
3. Себастијан Фетел – Ферари
4. Валтери Ботас – Мерцедес
5. Кими Раиконен – Ферари
6. Фелипе Маса – Вилијамс
7. Даниел Рикиардо – Ред Бул
8. Нико Хулкенберг – Рено
9. Карлос Сајнц – Торо Росо
10. Даниел Квјат – Торо Росо
11. Серџо Перез – Форс Индија
12. Фернандо Алонсо – Мекларен
13. Паскал Верлајн – Заубер
14. Ленс Строл – Вилијамс
15. Штофел Вандорн – Мекларен
16. Естебан Окон – Форс Индија
17. Кевин Магнусен – Хас
18. Роман Грожан – Хас
19. Маркус Ериксон – Заубер
20. Џојлон Палмер – Рено