Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФК Вардар денес официјално претстави две нови интернационални засилувања.
„Црвено црните“ се засилија со искусниот бразилски напаѓач Итало, како и со младиот 22 годишен играч од средниот ред Мустафа Куајнор.
Итало Хозе Оливеира дос Сантош треба да претставува големо засилување во нападот на Вардарци по заминувањето на Џонатан Боарето. Итало има богата фудбалска кариера која ја градел главно во Бразил, а има настапувано и во дресот на португалскиот Маритимо.
„Многу сум среќен сум што дојдов во Вардар и овој клуб за мене претставува нов предизвик во кариерата. Верувам дека брзо ќе се прилагодам на екипата и со нетрпение чекам да заиграм со моите нови соиграчи. Сега е на мене да почнам да тренирам со мојот нов тим и што побрзо да се подготвам за сезоната и да ги оправдам очекувањата од клубот. Пред да дојдам тука научив дека дека Вардар е најтрофејниот македонски тим и дека е три пати по ред шампион. Се надевам дека и во оваа сезона Вардар ќе успеее да ја одбрани титулата и повторно да биде шампион и да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Исто така знам дека екипата игра во плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче и се надевам дека Вардар ќе излезе како победник и ќе успее да помине во групната фаза“-истакна Итало.
Доколку за Итало веќе неколку дена се знаеше дека ќе биде засилување на Вардар, за Мустафа Куајнор дознавме денес кога беше објавен и трансферот.
Куајнор во кариерата има настапувано за Адуана Старс од Гана, а во Европа ги носел дресовите на Аел Лимасол, Алки Ларнака и Ермис. Последен негов клуб бил австралискиот Паское Вале.
„Среќен сум и задоволен што потпишав за Вардар. Драго ми е што станав дел од оваа екипа и со нетрпение чекам да заиграм за екипата. Ова за мене е голем предизвик што ќе настапувам во дресот на оваа екипа која е најдобра и најтрофејна во Македонија. Дoјдов во тим кој што секоја сезона се бори за титулата и се надевам дека заедно ќе успееме да ги исполниме амбициите на клубот“ –изјави новиот играч во средниот ред на Вардар.