(Фото) Живееше за Јунајтед, па почина во негов дрес


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Педи Лавлер, голем навивач на Манчестер Јунајтед, почина по сериозната болест во дресот на Јунајтед кој го доби како подарок од играчите на овој клуб на само половина час пред неговата смрт.

Тој знаеше дека со туморот можеше да се бори уште само неколку дена, а како голем навивач на клубот од „Олд Трафорд“ сакаше да ги запознае играчите.

Неговата внука преку социјалната мрежа Фејсбук ги замоли играчите да ја посетат болницата, а кога нејзината порака се прошири на интернет стигна и до луѓето од клубот.

„Не можев ниту да помислам дека ќе му ја исполнат желбата. Го посетија на половина час во болница, му поклонија дрес со нивните потписи, а по 45 минути тој почина во истиот дрес“, изјави внуката на починатиот Педи.

Фудбалерите кои му ја исполнија желбата на човекот кој го поддржуваше клубот повеќе од 50 години се Рашфорд, Лингард, Јанг и Менсах.

.