Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на шпанската фудбалска лига најави дека некои дуели од Примера ќе се играат во САД, но тоа не беше добро прифатено од страна на фудбалерите, односно од Здружението на професионалните играчи во Шпанија.
Здружението верува дека залудно би се играле некои натпревари надвор од Шпанија и дека тоа е за некој да заработи пари на нив.
„Во врска со договорот помеѓу Примера и компанијата Релевант, мора да кажеме дека сме против идејата да играме надвор од Шпанија. Како и обично, Примера го отфрли мислењето на играчите и презема чекори на своја одговорност. Играчите не се вредност која може да се користи во работата за да заработи некоја трета страна. Заедно сме посилни“, кажа претседателот на Здружението, Давид Аганзо.
Во претходните извештаи беше објавено дека на овој начин Примера ќе помогне за популаризација на фудбалот во Америка пред Мундијалот во 2026. Година.