Фудбалерот на Манчестер Сити го пропушта купот на конфедерации


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане нема да игра за репрезентацијата на Германија на претстојниот куп на конфедерации кој ќе се игра во Русија бидејќи ќе оди на операција.

Младиот напаѓач ќе го пропушти купот на конфедерации поради операција на носот.

Фудбалскиот сојуз на Германија соопшти дека Сане ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Данска во Копенхаген, натпреварот во квалификациите за СП против Сан Марино и четири дена подоцна купот на конфедерации во Русија.

Купот на конфедерации е на распоредот од 17-ти јуни до 2-ри јули во четири руски градови, Сан Петербург, Сочи, Москва и Казан. Германија ќе игра во група со Чиле, Австралија и Камерун.