Фулам на прагот на ново засилуваање, пристигнува „Тенкот“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пристигна напаѓач, сега на ред е и дефанзивец.

Оваа зима  тимот на Фулам се обиде да ги поправи грешките кои ги направија на трансфер пазарот минатото лето.

Го ангажираа искусниот Рајан Бабел од Бешикташ, а денес обелоденија дека клубот го напуштил проблематичниот Абубакар Камара.

Како што стојат работите, најстариот лондонски клуб нема да застане овде, тие ќе направат се за да го донеса капитенот на камерунската репрезентација, Мајкл Нгаду- Нгаѓуи.

Овој фудбалер настапува за Славија од Прага, има 28 години, а навивачите во Чешка популарно го нарекуваат „Тенк“.

Може подеднакво добро да настапува на позициите централен дефанзивец и заден играч за врска.
Славија потврди дека камерунецот добил дозвола да отиде на преговорите во Лондон.

„Славија му даде дозвола на Мајкл да замине во Лондон за да преговара со екипата од Премиер лигата- Фулам“- стои на сајтот на клубот.