Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нов шампион на Формула 1 е пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Британецот трката во Мексико ја заврши на осмата позиција, додека неговиот конкурент за титулата, Себастијан Фетел заврши како четвртопласиран.
Тоа беше доволно за Хамилтон да се радува на четвртата титула во кариерата.
Победник на трката за Големата Награда на Мексико беше Макс Ферстапен од Ред Бул. Како второпласиран заврши Валтери Ботас, додека третата позиција ја освои Кими Раиконен.
Хамилтон со четвртата титула во кариерата се израмни со францускиот пилот Алан Прост и со актуелниот возач на Ферари, Себастијан Фетел.