Харден не сопира, Кливленд немоќен против Клиперс!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Хјустон успеа да го победи Денвер со 109:105. Харден повторно имаше свое шоу и стигна до вториот трипл-дабл во серија со повеќе од 40 поени. Тој е еден од главните играчи за МВП и вчера постигна 40 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Кливленд не можеше вчера да смета на Џејмс, Ирвинг и Лав, па беше поразен од Клиперс со 108:78. Грифин постигна 23 поени и 8 скокови кај домаќините, а одличен беше ДеАндре Џордан со 13 поени и 17 украдени топки.

Мемфис на домашен терен го победија Сан Антонио со 104:96. Најефикасен беше Леонард со 22 постигнати поени за гостите.

Останати резултати:

Шарлот – Вашингтон 98:93
Чикаго – Јута 95:86
Голден Стејт – Милвоки 117:92
Атланта – Портланд 97:113
Оклахома – Сакраменто 110:94