Хумелс на тажен начин ја прокоментира одлуката на Лев да го исфрли од репрезентацијата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стоперот на Баерн Минхен, Матс Хумелс беше многу тажен, бидејќи селекторот Јоаким Лев го изостави од репрезентацијата на Германија.

Да потсетиме, Лев неодамна објави дека веќе нема да смета на услугите на Боатенг, Милер и Хумелс, а токму Хумелс порача дека одлуката на селекторот не му е јасна.

„Сега откако пројдоа неколку дена, сакам да се изјаснам. Без обзир на, по мое мислење тешко разбирливата спортска одлука, која секако ја почитувам, начинот на кој се беше соопштено во мене предизвикува недоразбирање“, рече Хумелс и додаде:

„Милер, Боатенг и јас со години дававме се од себе за репрезентацијата и мислам дека начинот на кој сме исклучени и известени за тоа не е коректен. Поради ситуацијата, воопшто не ми е сеедно, бидејќи сакав да играм за Германија“.

Исто така, дефанзивецот на Баерн со радот се присети на времињата додека го носеше дресот на Германија.

„Тоа беа преубави бодини…Играв вкупно четири големи турнири, а круната беше освојување на Мундијалот во 2014. година. Тоа чуство секогаш ќе го носам во себе и се би дал повторно да го доживеам истото“, заврши Хумелс.