Хјустон и без помошта од Харден го совлада Голден стејт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Хјустон Рокетс со 98:94 славеа во петтиот натпревар од серијата против Голден Стејт и со тоа поведоа со 3:2.

Натпреварот беше доста драматичен, а победникот беше решен на седум секунди пред крајот на средбата. Голден Стејт имаше напад за израмнување или победа, но тогаш во додавањето погреши Стеф Кари. До топката стигна Ерик Гордон врз кого беше направен фаул, по што искусниот кошаркар ги реализира двете слободни фрлања за конечна победа на домашниот тим.

Токму Гордон беше клучна фигура во победата на Хјустон. Кошаркарот влезе оод клупата и со 24 поени беше предводник на „Ракетите“. Џејмс Харден немаше своја ноќ, додека Крис Пол зад своето име запиша 20 поени. Кај Голден Стејт најпрецизен беше Кевин Дурант со 29 поени.