Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвена Звезда одигра одличен натпревар на домашен терен против Наполи (0-0) во Лигата на шампиони.
На крајот екипата од Белград одигра нерешено и освои бод, па покажа дека нема да биде лесен противник на гигантите.
Раководството на клубот е задоволно по дуелот со Наполи бидејќи ремито им донесе нови 900.000 евра.
Да потсетиме, за пласман во групната фаза секој тим добиваше 15,25 милиони евра, а секој бод е дополнително наградуван.
Па така, покрај 900.000 евра за освоен бод, за победа во групната фаза во Лигата на шампиони се добива 2,7 милиони евра.
Ц. Звезда наредниот натпревар го игра на трети октомври во Париз против ПСЖ.