Чемберлејн издржа само 41 минута за у23 тимот на Ливерпул (Фото)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Враќањето на Алекс Окслејд Чемберлејн на фудбалските терени долго се очекува од Ливерпул од каде не брза со неговата рехабилитација.

Англискиот репрезентативец се повреди на полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Рома минатата сезона и од тогаш нема ниту еден настап за тимот на Ливерпул.

Сериозноста на повредата бараше долго мирување, а откако се заврши како што треба Окслејд Чемберлејн требаше да добива постепена шанса започнувајќи со настапи во у23 тимот на Ливерпул.

Но на натпреварот против Дерби Каунти во кој Окслејд требаше да одигра 45. минути, играчот почувствува болки во задната ложа по што веднаш мораше да биде изваден од игра.

Првичните информации говорат дека не станува збор за многу сериозна повреда, па враќањето на Чемберлејн на терените се очекува во следниот месец.