Чудо од голман: Можеби не е најскап, но Облак е најдобар во светот!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак, е неверојатен на голот на „јорганџиите“, а исто така има импресивна статистика.

Облак пристигна во Атлетико Мадрид во 2014. година од Бенфика за 14,5 милиони евра, а од тогаш брани одлично на голот на шпанската екипа.

Голманот од стартот на 2014/15 повеќе пати ја зачувал мрежата, отколку што примил гол на натпревар.

Словенецот ја зачувал мрежата дури на 72 натпревари, а од тогаш има примено само 71 гол.

Феноменалниот чувар на мрежата сезонава бранеше на седум натпревари и на четири остана несовладан.