Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Екипата на Шахтјор на домашен терен, но не на срушената „Донбас арена“ славеше минимална победа од 2:1 против тимот на Рома.
Гостите од Италија стигнаа до водство преку голот на турската сензација Џенгиз Ундер во 41. минута.
Украинскиот клуб изедначи на стартот на вториот период кога Јарослав Ракитски фантастично го проигра Фереира кој се ослободи од Манолас и го матираше Алисон.
Конечниот резултат го постигна Фред со одличен гол од слободен удар во 71. минута. Бразилецот ја намести топката на околу 20 метри малку откосо од десната страна, а потоа со левата нога го префрли живиот ѕид и ја пласираше топката под пречката на Алисон.