Шест играчи номинирани за најдобри во Премиер Лигата

ЕА СПОРТС избра шест фудбалери кои ги номинираше за најдобри во Премиер лигата за оваа сезона.

Победникот ќе биде избран по гласањето кое може да се изврши на официјалната страна на ЕА СПОРТС, а истото ќе трае до 10 мај.

Претенденти за најдобар играч оваа сезона во англиското натпреварување се Давид Де Геа, Џејмс Тарковски, Рахим Стерлинг, Мохамед Салах, Кевин Де Брајн и Хари Кејн.