Шок од Англија: Рајан Мејсон се бори за живот после дуелот со Кејхил


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ужасни вести стигнуваат од Англија, поранешниот фудбалер на Тотенхем Спарс се бори за својот живот после што во дуелот со дефанзивецот на Челси доби удар пределот на главата.

Челси денеска го совлада Хал со 2:0 но овој натпревар ќе остане во сенка на катастрофалната повреда која ја заработи играчот за врска на Тигрите Рајан Мејсон.

Тој и фудбалерот на Челси се судрија со глава во еден воздушен дуел, Мејсон остана на земја, беше при свест но не можеше да го продолжи дуелот.

Го напушти теренот со маска за кислород на лицето, а најновите информации укажуваат дека Мејсон доживеа фрактура на черепот и дека има крварење на мозокот поради што животот му е загрозен!

Слична повреда соевремено доживеа и Петр Чех, кога во дуел со тогашниот фудбалер на Ридинг и ирски репрезентативец Стивен Хант истотака доживеа франтура на черепот.

Чех од таа повреда успешно се опорави, се надеваме дека ќе успее и кај Рајан Мејсон.