Што Венгер мисли за системот на Челси за позајмување играчи?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсен Венгер често има интересни изјави кога во прашање е состојбата на денешниот фудбал, тој е пред се противник на модерните случувања во фудбалот но мора да ги прифаќа сите за да се задржи како еден од најдобрите тренери во светот.

Тој последно зборуваше за системот на позајмување играчи кој Челси го применува, истакна дека не треба тоа да се прави така и дека голем број на играчите нема да успеат.

Да напоменеме само дека Челси во моментов има 38 играчи на позајмица.

„Тоа е еден од проблемите, големи проблеми во денешниот фудбал. Инвестирате многу пари, парите само кружат и кружат“

„Тогаш играчите со по 20 години неможат да ви донесат многу пари, а тоа е дека има многу фудбалери. Тоа не е добро. Кога ќе се погледнете колку позајмици имате, тој систем ви се прави потежок за управување“ – вели Венгер

Објасни и дека позајмиците во слаби клубови не се толку добри за играчите кои се развиваат:

„Голем број од младите играчи одат во големи клубови да се развиваат и имаат конкуренција. Мора секој млад играч да добие шанса за развивање, што е доста тешко. Ако одат на позајмица, развивањето ќе зависи од квалитетот на играчите во клубот каде што заминале. Доколку во клубот има добри играчи, големи се шансите да стане добар играч и позајмениот“ – вели Венгер