Што е ова, продажбата на Милан повторно одложена?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Просто неверојатно звучи, но медиумите во Милано денеска брујат за тоа.

Денеска доверливи медиуми во Италија објавија вест дека продажбата на Милан е закажана за 3 март и дека конечно тогаш и ќе се случи, но…

Последните извештаи за Милан зборуваат нешто друго.

Како што јавува новинарот Танкреди Палмери, а пред него и Милан ТВ, постојат проблеми меѓу Фининвест и Сино Еуропе Спортс, поради тоа што моментално немаат на сметката 320 милиони евра.

И Скај Спорт од Италија јавува дека ќе бидат уплатени нови 100 милиони, но дека примопредавањето нема да биде извршено бидејќи Кинезите немаат во овој момент 320 милиони евра.

Иритирање за навивачите на Милан, мораме да признаеме, кога ќе ги погледнете нивните објави на друштвените мрежи, изгледа дека се прилично бесни на кинеските инвеститори.

Сега се споменува април како нареден термин.

Дали воопшто се верува дека Милан на лето ќе ги има споменатите 120-130 милиони евра за засилувања?