Што се случува на Чизматa? –Милан подготвува нова трансфер бомба


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Во текот на целото лето имаше шпекулации кои го поврзуваа српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ Савиќ со трансфер надвор од Лацио.

Денес се појави една вест која го здрма целиот фудбалски свет. Имено, според „Ла Стампа“ за Милинковиќ Савиќ сериозен интерес пројавил тимот на Милан.

Весникот пренесува дека постојат два начни според кои Милан може да стигне до Сергеј. Првиот е веднаш да плати 40 милиони евра за едногодишна позајмица, а потоа да плати уште 80 милиони за целосен откуп на договорот, а другиот начин е да уплати 20 милиони евра плус на „Олимпико“ да го прати Бонавентура, а потоа да плати уште 80 милиони за целосен откуп на договорот.

Гатузо пред неколку дена истакна дека на Милан му е потребен уште еден играч од средниот ред, а во името на Милинковиќ Савиќ ќе добијат перфектно засилување за следната сезона.