Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за преселувањето на ATP турнирот од Белград во Атина, но и за турбулентната состојба во општеството. Српскиот ас призна дека е емоционално погоден од целиот развој на настаните.
На почетокот на август беше потврдено она за што долго се шпекулираше – ATP турнирот повеќе нема да биде во Белград, туку се сели во Атина.
Речиси три недели подоцна, Новак од Њујорк ги сподели своите емоции и ставови со домашните новинари.
“Сѐ што можам да кажам е дека не сакавме да го селиме турнирот, тоа е сѐ што можам да кажам. За жал, така е, како што е…” започна Ѓоковиќ.
Подоцна додаде дека сепак се надева на враќање на натпреварувањето во Србија.
“Дали ќе се врати турнирот во Србија, јас се надевам дека ќе се врати. Од наша страна секогаш постои таа желба и тенденција. Мојот брат Ѓорѓе, кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација да турнирот мора да се сели.”
“Без да навлегувам во политика, бидејќи веќе доволно кажав за тоа, се надевам дека страстите ќе се смират. Многу сето тоа ескалираше, буквално сме на гранка на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смират, но нема назнака за тоа.”
Фото: Принтскрин