Ѓорческа ја совлада и Шунк за пласман во четвртфинале во Порто


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи на турнирот во Порто, откако обезбеди пласман меѓу најдобрите осум. Таа оствари победа во два сета против Германката Настасја Шунк, со резултат 6-2 и 7-6.

Ѓорческа доминираше во воведниот сет, каде што наметна силно темпо и успеа да реализира три брејк-топки, што ѝ донесе убедлива предност и водство од 1-0 во сетови.

Во продолжението Шунк пружи посилен отпор и поведе со 4-2, но македонската тенисерка брзо се врати во мечот и израмни. Неизвесноста продолжи до самиот крај, па вториот сет беше решен во тај-брејк, во кој Ѓорческа покажа повеќе смиреност и славеше со 8-6.