Ѕвезда на Барселона загуби цело богатство поради тепачка

Судот во Минхен донесе конечна одлука зза еден инцидент, па го казни фудбалерот на Барселона, Артуро Видал со 800.000 евра поради нанесување на тешки телесни повреди.

„Билд“ пишува дека 31-годишниот играч бил дел од групата која минатиот септември во ножен клуб нападнала еден човек со шише водка.

Во групата бил и неговиот полубрат Сандрино, кој е казнет со 20.000 евра поради инцидентот.

„Никогаш не ми се извинија“, кажа жртвата на споменатиот напад.

Видал и неговиот полубрат можеа да завршат и во затвор, а им се закануваше затворска казна од три месеци до 10 години, но сепак на крајот ќе бидат само финансиски казнети.