Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Барселона и Интер одиграа синоќа фантастичен натпревар во полуфиналето на Лигата на шампионите кој заврши со резултат 3:3, а во центарот на вниманието по натпреварот поради својата изјава се најде францускиот репрезентативец Маркус Турам.
На Монжуик синоќа гледавме спектакуларен дуел меѓу Барселона и Интер, и јасно е дека одлуката за финалистот на Лигата на шампионите ќе падне дури на реваншот кој следната недела ќе се игра во Милано.
Интер водеше против Барселона синоќа и со два гола разлика, но Каталонците успеаја да се вратат и тоа најмногу благодарение на фантастичниот Ламине Јамал.
Овој 17-годишник постигна маестрален погодок за 1:2 и беше тој кој го почна враќањето на Барселона по шокантните голови на Интер на почетокот на натпреварот.
„Жал ми е, но Ламине Јамал дефинитивно не е најдобар фудбалер во светот. Всушност, не е ни втор. Првите две места ги заземаат Французите, Усман Дембеле и Килијан Мбапе. Дури потоа следува Јамал“, рече Турам.
Фото: Принтскрин