Јануарско засилување за титулата: Гвардиола нуди играч и пари за ѕвездата од Премиер лигата

Манчестер Сити наводно планира сензационален потег кој може да му помогне во борбата за титулата во Премиер лигата.

Откако забележаа убедлива победа против Ливерпул со 3:0 во домашното првенство, Манчестер Сити сега е на второ место на табелата, веднаш зад Арсенал.

Топџиите се тие кои го држат лидерското место по одиграни 11 натпревари и моментално имаат четири поени повеќе од Манчестер Сити.

Граѓаните го освежија тимот во текот на летото, и доведоа вкупно седум нови играчи, меѓу кои се Донарума, Черки, Аит-Нури, Трафорд и Рејндерс.

Новите информации од Англија велат дека Пеп Гвардиола сака во јануарскиот преоден рок да донесе уште едно големо засилување.

Имено, според TEAMTalk, Манчестер Сити е многу заинтересиран за доведување на Тино Ливраменто од Њукасл.

Пеп Гвардиола верува дека овој фудбалер совршено би се вклопил во начинот на игра на неговиот тим.

Гвардиола нуди играч и пари?

Њукасл не сака баш така да го продаде Ливраменто, а играчот има договор со клубот до 2028 година.

Сепак, постои начин челниците на тимот од St. James Park да се согласат на договор, а многу од тоа ќе зависи од Пеп Гвардиола.