Јокиќ остана и без наградата „Џери Вест“


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс, не е добитник на трофејот „Џери Вест“, кој се доделува веќе три години.

Ова признание всушност претставува награда „NBA Clutch Player of the Year“ и се доделува на играчот кој бил најдобар во неизвесни завршници.

Наградата оваа година ја доби Џејлен Брансон, првата ѕвезда на Њујорк Никс, кој во гласањето беше пред Јокиќ. На трета позиција се најде Ентони Едвардс.

Брансон оваа сезона во дресот на Њујорк просечно постигнува 26,5 поени, 2,8 скока и 7,3 асистенции, и никој не беше подобар и поефикасен од него во неизвесни завршници.

Фотографија: Принтскрин