Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Српскиот центар Никола Јокиќ разговараше со новинарите на прес-конференција по поразот од Оклахома.
Јокиќ не беше на своето препознатливо ниво, но ниту некој друг од Денвер… Имаше 17 поени, 8 скокови и 6 асистенции во тие моменти, со 6 изгубени топки.
„Не игравме добро. Само еден тим се појави. Промашувавме, губевме топка, а тие поминуваа покрај нас како што сакаа. Беа многу подобри од нас и затоа резултатот беше толку лош“, рече Јокиќ.
На констатацијата на новинарот дека Денвер мора да го заборави ова, тој изјави:
„Не. Не смееме да го заборавиме ова. Мораме да научиме од ова и да бидеме многу подобри во наредните натпревари. Правевме грешки, не го направивме она што направивме во првиот натпревар“, заклучи Никола Јокиќ.
Фото: Принтскрин