До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Никола Јокиќ повторно приреди брутална партија во дресот на Денвер нагетс. Погоди Србецот ударот за победа против Феникс санс (125:123) и запиша нов трипл-дабл учинок.
И додека на Леброн Џејмс долго време му го носи прекарот „Крал“ поради тоа што Никола Јокиќ го прави на паркетот, таа „титула“ лесно би можела да му се додели и нему. Човекот е неверојатен.
Одминатата ноќ Јокиќ повторно приреди брутална партија во дресот на Денвер. Погоди удар за победа во Феникс (125:123) и запиша нов трипл-дабл учинок.
Никола го заврши натпреварот со учинок од 23 поени, 17 скокови и 17 асистенции. Погоди девет удари од 16 обиди и сè е јасно од таквата статистика.
Расправите за тоа кој е вистинскиот „крал“ на денешната кошарка не се повеќе табу. Леброн ги има испишано книгите на кошаркарската историја, но тоа што Јокиќ го прави во последните сезони, со МВП трофеи и шампионски прстен, ги тера сите да ја преиспитуваат хиерархијата.
Nikola Jokic за победата во Phoenix!
Devin Booker му ја пропушти шансата ❌ pic.twitter.com/QvJu9w2OIx
— Basket-Infos (@Basket_Infos) 25 март, 2026















