Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишуваат медиумите во Англија, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг сака да остане барем уште една сезона на „Олд Трафорд“.
Договорот на поранешниот репрезентативец на Англија со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, но во истиот има опција за продолжување на уште една сезона.
Јанг со сигурност нема да е прв избор на Мурињо, а наводно Португалецот во следните денови ќе му каже дека е слободен да си бара нова фудбалска средина.
Ешли Јанг дојде во Манчестер Јунајтед како големо засилување но бројните повреди го спречија брзоногиот фудбалер да остави значајна трага на „ОлдТрафорд“.