Јаневски: Се подготвувавме за добар резултат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Вардар, Чеде Јаневски пред историскиот прв натпревар за клубот во групната фаза од Лигата на Европа истакна дека тие се максимално подготвени за соочување со гигантот од Русија.

Јаневски се надева дека тимот ќе се претстави во едно светло издание на натпреварот кој вечерва од 21:05 се игра на „Филип Втори“ арената во Скопје.

„Ова е значаен натпревар, не само за Вардар, туку и за македонскиот фудбал. Затоа ние овие денови се подготвуваме да направиме добар резултат. На првиот натпревар играме со Зенит, тим за кој што после добивањето на групите, знаеме дека е фаворит. Се работи за добар колектив со добри индивидуални играчи кои имаат во своите редови многу домашни и интернационални играчи, пред се од Аргентина. Ги направивме сите анализи на последните два натпревари. Ние во една работна и одлична атмосфера се подготвуваме да се претставиме во добро светло пред многубројната публика и пред нашите навивачи „Комити“ кои што ќе дојдат во голем број. Да одиграме еден добар, квалитетен натпревар и по крајот на средбата сите задоволни да го напуштиме стадионот“- изјави Јаневски.

Шефот на стручниот штаб на Вардар потврди дека на натпреварот со Зенит ќе отсуствува стандардниот играч од одбраната Евгениј Новак кој не се опоравил од ситната повреда која ја заработил пред две недели и нема да биде во комбинација за настап на вечерашниот натпревар.