Јапонецот си заминува од Милан и кариерата ќе ја продолжи во Америка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јапонскиот фудбалер, Кеисуке Хонда најверојатно до крајот на овој месец ќе го напушти Милан.

Хонда на Сан Сиро стигна пред три години како слободен фудбалер од ЦСКА, но на крајот се покажа како големо промашување. Јапонецот оваа сезона ги гледа натпревари на Милан од клупа и долго се шпекулира неговото заминување од Сан Сиро.

Според италијанските медиуми, Хонда е на излезни врати од Милан и во следните неколку дена неговиот трансфер би требало да биде комплетиран. Најверојатно овој фудбалер кариерата ќе ја продолжи во МЛС во тимот на Сиетл.