Јуве блиску до договор за Коста


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус и Баерн Минхен ќе започнат преговори следната недела за услугите на Даглас Коста.

„Скај Италија“ пренесува дека личните услови на Даглас Коста се договорени меѓу Јувентус и неговиот агент и останува уште двата клуба да се договорат за цената која „Старата дама“ треба да ја плати на Германците.

Јувентус му нуди на Баерн 39 милиони фунти, додека „Баварците“ не сакаат да слушнат за продажба на Коста за сума под 44 милиони фунти.

Доколку се реализира трансферот, Даглас Коста ќе заработува 5,3 милиони фунти годишно.