Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
Долгата клупа често беше основ за екипата да се бори за голем број на трофеи. Може ли Јувентус до тројната круна?
Првата и втората постава на Јувентус во оваа сезона е навистина многу силна.
Многумина коментираат дека и со втората постава без поголеми проблеми ќе успеат да ја освојат Серија А.
Одработија солидна работа во преодниот рок, дојдоа до засилувања во позиција стопер, десен бек, централен играч за врска и напаѓач, а од првотимците заминаа Погба и Мората.
Многумина сметаат дека со Пјаниќ и Игуаин се уште посилни, а да не заборавиме дека како опции на клупата ќе имаат и Квадрадо, Бенатија, Пјаца…
Многумина го очекуваа и Аксел Витсел во последниот ден од преодниот рок, но тој трансфер не се случи.
Првиот и вториот тим изгледаат навистина фантастично, доволно е да ги погледнеме двете постави, се ќе ви биде јасо.
Која постава ќе победи овој дуел?