Јувентус го посакува бекот на Атлетико Мадрид


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Левиот бек на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис е трансфер цел на Јувентус за летниот преоден рок.

Клубот од Торино е во  потрага по нов лев бек по се поизвесното заминување на Алекс Сандро во летниот преоден рок. Бразилецот Луис со Атлетико има договор до 2019 година и Јувентус не би требало да плати многу за неговите услуги.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека претставници на Јувентус се сретнале со агентот на 32 годишниот фудбалер, Жорге Мендеш и веќе ги започнале начелните дискусии околу евентуален трансфер.