Јувентус постави цена за Пауло Дибала


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Јувентус постави цена за Пауло Дибала

Торински Јувентус наводно е спремен да го продаде Пауло Дибала.

Аргентинскиот фудбалер не е задоволен од улогата што ја има оваа сезона во тимот. Тој сака многу повеќе, но не се вклопува многу во плановите на Алегри.

Затоа има реални шанси да го гледаме Дибала во некој нов клуб од лето. Интересот за него е голем, а наводно Бјанконерите веќе поставиле и цена.

Таа изнесува 120 милиони евра. Секој тим кој го посакува во своите редови би требало да биде спремен и да може да ја издвои оваа сума, а Аргентинецот на крај ќе одлучи каде сака да замине.

Дибала се поврзуваше со неколку екипи. Баерн и Ливерпул се тимовите кои најчесто се споменуваат како негови нови клубови, а тука се Манчестер Сити и Реал Мадрид.