Јувентус се вклучува во трката за Кутињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Филипе Кутињо минататот лето беше на прагот на преминување во Барселона, но на крајот ништо не испадна од трансферот.

Каталонците не се откажуваат од него, но веројатно во јануари ќе им биде потешко бидејќи се појави уште еден сериозен противкандидат, Јувентус.

Според пишувањата на британските и италијанските медиуми, Јувентус е спремен да му плати на Ливерпул голема сума на пари за сјајниот креативец, се шпекулира за сума од 155 милиони фунти.

Сличен износ за Кутињо летото понудија и Барселона и ПСЖ, но на крајот после сите турбуленции тој остана на Енфилд, иако е тешко веројатно дека уште долго ќе се задржи таму.

Тој јавно се изјасна дека сака да го напушти Ливерпул и останува да видиме каде ќе заврши. Тој во Ливерпул стигна од Интер пред 4 и пол години за само 13 милиони евра.