Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти изјави дека Кулибали е среќен во Наполи.
Тој се смета за еден од најдобрите стопери во Европа и Манчестер Јунајтед го следи веќе со месеци.
Уште додека Мурињо беше на чело на Јунајтед, клубот праќаше разни и големи понуди на адреса на Наполи, но италијанскиот клуб не сака да го продаде сенегалскиот репрезентативец.
Некои медиуми објавија дека Кулибали е спремен да побара од Наполи да го пуштат во Манчестер, но Анчелоти говори дека играчот е спремен да остане во Наполи и дека е среќен во овој клуб.
„Во Англија пишуваат дека Кулибали може да оди поради проблеми со расизмот, но јас мислам дека тој е среќен во Наполи. Вознемирен е како и сите поради инцидентот, но мислам дека тоа ќе го натера да си оди“, рече Анчелоти.
Кулибали има договор со Наполи уште четири и пол години, но сигурно дека овој клуб ќе има тежок предизвик пред себе, доколку сака да го задржи, со обзир на тоа дека се повеќе гиганти се заинтересирани за него.