Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Њукасл потврдија дека го комплетирале трансферот на Ки Сунг Јуенг кој досега настапуваше за Свонси.
Играчот од средниот ред официјално ќе му се приклучи на тимот на 1 јули откако неговиот договор со Свонси ќе истече. Ки со Њукасл потпиша двегодишен договор, а тој е второ засилување за тимот по перманентниот трансфер на Мартин Дубравка.
„Задоволен сум што се приклучувам на клубот. Отсекогаш бев позитивно изненадуван кога доаѓав на „Сент Џејмс Парк“ да играм против Њукасл. Тука има прекрасна атмосфера, а пасијата од фановите е неверојатна. Сите знаат колку голем клуб е Њукасл, па затоа јас со нетрпение очекувам да играм со моите нови соиграчи“ –коментираше Ки по официјалното претставување.
За Ки Сунг Јуенг постоеше сериозен интерес и од Милан, но „Росонерите“ на крај останаа со празни раце.