„Ќе видам дали навистина ме сака Барселона, па потоа ќе одлучам“

Играчот на Саутемптон, Ориол Ромеу даде свој коментар на можноста да се врати во Барселона.

Ромеу помина низ академијата на Барселона, но само 2 настапи имаше пред да премине во Челси.

Сега е во Саутемптон, а благодарение на добрите игри, тој повторно го привлече вниманиеот на Барселона.

„Јас сум фан на Барселона и секогаш ќе му бидам благодарен на клубот. Што се однесува до тоа дека ме сакаат, ќе видам навистина колку ме сакаат и зошто и потоа ќе одлучам.“

„Барселона ги има најдобрите играчи за врска, па така се сомневам дека им треба некој на моја позиција.“

Во дресот на Саутемптон има 16 настапи.