Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марек Хамшик е убеден дека ќе стане најдобар стрелец во историјата на Наполи, од него од овој подват го делат уште само шест голови…
Капитенот на Наполи Марек Хамшик пружи одлична игра во триумфот на својот тим над Болоња (7:1) и се тоа го круниса со хет-трик кој го доведе до бројката од 109 кога се во прашање головите за клубот од Сан Паоло во сите натпреварувања.
Логично, новинарите одма се запрашаа може ли Словакот уште во оваа сезона да го помине Диего Марадона и да стане најдобар стрелец во историјата на Наполи.
Легендарниот Ел Пибе моментално му бега шест чекори…
„Нормално дека се надевам дека ќе го срушам неговиот рекорд од 115 голови. Ако не во оваа сезона, идната сигурно. Многу сум среќен што сум така блиску“, рече Хамшик после натпреварот.
„Ова е голема победа за нас. Игравме одлично, нажалост, срамота е што изгубивме два бода во минатото коло дома, но добро е што сме на вистинскиот пат сега. Ако вака играме може да играме со било кој тим, па и со Реал кој наскоро не чека во Лигата на шампионите“, заклучи одличниот играч за врска.
Марек Хамшик во Наполи е полни десет години, а бидејќи има само 29 години, сосема реално е да се очекува, доколку не замине, да го собори и рекордот по бројот на натпревари одиграни за Наполи.
Џузепе Брусколити е моментално прв со 511 настапи. Хамшик веќе ја надмина бројката од 400 натпревари…