Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако од таборот на Манчестер Јунајтед во петокот откриле дека Златан Ибрахимовиќ на мечот од четвртфиналето на Лига Европа против Андерлехт се здобил со тешка повреда на лигаментите, се појавија шпекулации дека неговата кариера може да биде завршена.
Ибрахимовиќ, според првите информации, поради оваа повреда ќе паузира најмалку до јануари следната година, а неговата иднина во Јунајтед останува неизвесна.
Сепак, судејќи според неговиот пост на Инстаграм, за шведкиот напаѓач нема дилема, тој е уверен во продолжување на фудбалската кариера.
„Како прво, благодарам на сите за поддршката. Стара е веста дека се повредив и дека некое време ќе отсуствувам од теренот. Низ ова ќе поминам како и низ други работи во животот и ќе се вратам уште посилен“.
„И досега играв со една нога, па така не би требало да има проблем. Една работа е сигурна, јас ќе одлучам кога е време да престанам да играм. Откажување не е опција. Се гледаме наскоро“, напиша одличниот фудбалер на својот Инстаграм профил.