Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Кливленд успеаа да го победат Вашингтон со 105:94, а Леброн Џејмс стана најмлад играч во историјата на НБА лигата кој стигна до 27.000 поени.
МВП на минатата сезона го водеше тимот до победа со 27 поени, па моментално е на бројката од 27.020 поени во кариерата.
Леброн до импресивното достигнување стигна на 31 година и 317 денови, а на прво место го престигна Коби Брајант кој рекордот го постави на 32 години и 160 денови.
На вечната листа на стрелци Леброн се наоѓа на 10-то место. Џабар сеуште е прв со 38.387 поени, а следат Малоун со 36.928, Брајант со 33.643 и Џордан со 32.292 поени.