Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Искусниот англиски фудбалер Џон Тери на крајот на оваа сезона речиси сигурно ќе ја заврши својата играчка кариера.
Тери веќе неколку недели се наоѓа во центарот на вниманието на англиските медиуми, и доста се шпекулира за тоа дека ќе го напушти Челси и кариерата ќе ја продолжи во ВБА.
Сепак, после се Тери се одлучи да се огласи на друштвените мрежи, и најави пензија.
Искусниот одбранбен играч на Челси на Инстаграм сподели фотографија која многумина ја сфатија како негова најава за крај на играчката кариера.
Очигледно Тери не сака да оди во нов клуб, и на крајот на сезоната ќе го напушти Челси и ќе ги закачи копачките на клин.