Раиола: Мојот играч е разочаран


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот фудбалски агент Мино Раиола изјави дека Матуиди е разочаран бидејќи не го напушти Париз ова лето.

Во Јувентус овој играч требаше да биде замена за Погба кој премина во Јунајтед но од тој трансфер на крај не излезе ништо.

„Матуиди е разочаран бидејќи ПСЖ не го пушти да замине. Сега не очекуваат разговори со првите луѓе на клубот за да ја видиме причината. Сите сме изненадени што пропаднаа преговорите“ – вели Раиола

Матуиди и „Старата Дама„ се договориле но 40 милиони кој Јувентус ги одвои за Матуиди веројатно не беа доволни за ПСЖ.

Сепак, Матуиди е еден од клучните играчи во тимот од Париз.