Јунајтед ја прекина црната серија, Сити лесно


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити остварија пласман во осмина финалето на ЕЛФ Куп.

    Црвените ѓаволи како гости со 3:1 го победија Нортхемптон. Поведоа гостите во 17 минута, преку Мајкл Керик, но домашниот тим со пенал во финишот на првиот дел израмни на 1:1.

    Меѓутоа, во продолжението на мечот Јунајтед стигна до победа. Погодија Ерера и Рашфорд за конечни 3:1 и пласман на Јунајтед.

    Истота  и Сити ќе игра меѓу 16 најдобри. Граѓаните го победија Свонси со 2:1. Головите ги постигнаа Клиши и Гарсија.

    Понатака одат и Саутемптон и Сандерленд, кои ги победија Кристал Палас и КПР.